Три совети за следното пазарување

Во време кога треба да ја почитуваме социјалната дистанца, а истовремено треба да отидеме до продавница за да купиме прехранбени производи, тоалетна хартија или нешто друго, потребно е да почитуваме неколку правила. Во продолжение 3 совети за следен пат кога ќе одиш да пазаруваш.

Планирај претходно што треба да купиш

За да не се задржуваш предолго во продавница, најдобро е да направиш листа на сите производи што ти се потребни и сакаш да ги купиш. Добра Зделка ти овозможува на едно место, брзо и лесно да ги прегледаш сите каталози. Провери кои производи се на попуст и додади ги во твојата листа.

плаќање со картица

Користи картичка за плаќање или носи нараквици

Најдобро решение за да не допираш книжни и железни пари е да ја платиш сметката со картичка. Доколку нема можност во продавницата за плаќање со картичка, носи нараквици за една употреба додека пазаруваш и истите фрли ги после тоа. Додека пазаруваш избегнувај допир на очите, устата и носот, а кога ќе се вратите дома темелно измијте ги рацете.

Држи растојание

Доколку сакате да земете нешто од рафтовите и веќе друга личност стои таму, почекајте истата да заврши и да се тргне. Со ова не само што ги следите препораките за социјална дистанца, но исто така личноста пред вас ќе ви биде благодарна бидејќи не сте пробале да земете нешто посегнувајќи преку него. Кога ќе завршите со пазарење исто така држете растојание од тие што чекаат пред вас на каса. Времето ќе биде исто без разлика дали стоите блиску до тие пред вас или држите растојание.