За нас

Добра Зделка е направена од корисници за корисници. Важно е сите да сме информирани за најновите промоции на продавниците низ целата држава. Но исто така важно е да сме еколошки свесни и да ја намалиме употребата на хартиените каталози, флаери, летоци и брошури, а со тоа да го намалиме сечењето на дрва и да ја заштитиме природата.

Во време кога треба да ја почитуваме социјалната дистанца, односно намалена интеракција помеѓу луѓе преку ограничување на близината и зачестеноста на личниот контакт, е дополнителна причина да пребаруваме каталози на интернет и да ја планираме нашата листа за купување.

Тимот на Добра Зделка се состои од млади ентузијасти кои се стремат преку користење на најнови технологии да им овозможат на корисниците на брз и лесен начин да го пронајдат посакуваниот производ на промоција, а на компаниите бесплатно да го промовираат истиот.