#поддржувајЛокално
Почитувани,
Изработивме веб платформа за бесплатно да ги рекламирате производите на промоција во вашите продавници.
Со секоја измината година, изминува и ерата на печатените каталози. Се повеќе и повеќе производите на промоција ја менуваат својата форма од печатени на хартија во електронски документи достапни секаде и за секого. Важно е сите да сме информирани за најновите промоции. Но исто така важно е да сме еколошки свесни и да ја намалиме употребата на хартиените каталози, а со тоа да го намалиме сечењето на дрва и да ја заштитиме природата.
Во време кога треба да ја почитуваме социјалната дистанца, односно намалена интеракција помеѓу луѓе преку ограничување на близината и зачестеноста на личниот контакт, е дополнителна причина да пребаруваме каталози на интернет и да ја планираме нашата листа за купување.
Тимот на Добра Зделка се состои од млади ентузијасти кои се стремат преку користење на најнови технологии да им овозможат на корисниците на брз и лесен начин да го пронајдат посакуваниот производ на промоција, а на компаниите бесплатно да го промовираат истиот.
За повеќе информации како функционира платформата и како бесплатно да бидете дел од истата, пратете мејл на - info@dobrazdelka.mk
Со почит,тимот на Добра Зделка